Шпански новинар Алфонсо Мерлос е во „невоља“ бидејќи позади него прошета гола жена среде јавување во живо, а тоа не беше неговата девојка.
Мерлос е позната јавна личност, новинар и манекен во Шпанија, а сега сите медиуми се занимаваат со неговиот љубовен живот, или како што го нареко „љубовен триаголник“.
На кратко, Мерлос се појави како гостин во емисија „Состојба на алармот“ чиј домаќин беше Хавиер Негре. Одеднаш, една гола девојка се прошета зад Мерлос, а Негре буквално зина од шок.
Наскоро се дозна дека не станува збор за девојка на Мерлос, поранешна натпреварувачка во „Големиот брат“, Марта Лопез, туку новинарка на „Социјалит“, Алесија Ривас.
Гледачите брзо реагирале, а неговата девојка изјавила дека тоа е срамно.
Esto es una auténtica maravilla: Javier Negre hace un Skype y acaba mostrando en directo la infidelidad de Alfonso Merlos. Primera vez que destapa algo de verdad, aunque sea involuntariamente xd pic.twitter.com/iXtE6C3NJ9
— Josep Maria Sempere (@kr3at0r) April 24, 2020