понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Шпански авион-ловец од невнимание истрела проектил во Естонија

Шпански авион-ловец од невнимание истрела проектил во Естонија

Шпански борбен авион, стациониран во Литванија, по грешка, за време на обука, испушти ракета над југозападна Естонија. притоа тој не предизвикал никаква штета, соопшти шпанското Министерство за одбрана, кое отвори истрага за случајот.

Шпанското Министерство соопшти дека инцидентот се случил вчера попладне, „во зона во која таков тип вежба е дозволен“.

„Ракетата воздух-воздух не погоди ниеден авион. Министерството за одбрана отвори истрага за да утврди како точно се случил инцидентот“, се наведува во соопштението. (МИА)

 

Коронавирус