понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 162
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Шпанската Влада и каталонските лидери почнаа разговори за надминување на кризата

Шпанската Влада и каталонските лидери почнаа разговори за надминување на кризата

Владата на Шпанија и лидерите на Каталонија почнаа официјални разговори за надминување на политичката криза предизвикана од движењето за независност на Каталонија.

Како што се очекуваше, вчерашната тричасовна средба меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателот на Каталонија, Ким Тора и нивните соработници, не донесе голем напредок.

Двете влади по состанокот во заедничко соопштение информираа дека се договориле да продолжат со состаноци секој месец, наизменично во Мадрид и Барселона, седиштето на Владата на Каталонците.

Тора ги повтори барањата на Каталонија да и се дозволи да одржи референдум за независност и да се ослободат девет сепаратистички лидери кои издржуваат затворски казни за нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Санчез претходно повеќе пати ветуваше дека неговата Влада нема да разгледува можност за гласање за независност на Каталонија.

Анкетите и резултатите од последните избори покажуваат дека отцепувањето на Каталонија од Шпанија го поддржуваат околу 50 проценти од 7,5 милиони жители на Каталонија. Другата половина од Каталонците, како и поголемиот дел од остатокот на Шпанија, се против независност на регионот.

Коронавирус