четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Вести

Шпанија со пакет мерки за поддршка на потрошувачите против поскапувањето на струјата

Шпанија со пакет мерки за поддршка на потрошувачите против поскапувањето на струјата

Шпанската Влада денеска одобри пакет мерки за заштита на потрошувачите од поскапувањето на електричната енергија, соопшти Владата на Твитер.

Пакетот е усвоен со цел да се прошири заштитата на потрошувачите поради поскапувањето на електричната енергија, се вели во соопштението. Пазарот станува потранспарентен за да го олесни донесувањето одлуки и да им помогне на индустриите да склучат долгорочни договори за електрична енергија.

Со цел да се обезбеди транспарентност, Владата воведува нови обврски за енергетските компании, кои ќе ѝ овозможат да дознае за механизмот за одредување на цените. Компаниите мора да и достават на Националната комисија за секторски пазари и конкуренција транспарентни информации за цените на достапните понуди.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно вети дека пред почетокот на зимата, властите ќе обезбедат дополнителни 100 милиони евра помош за речиси 1,2 милиони ранливи домаќинства. (МИА)

Коронавирус