вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 89
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Шпанија предупреди дека иднината на ЕУ е во опасност поради финансискиот одговор на Ковид-19

Шпанија предупреди дека иднината на ЕУ е во опасност поради финансискиот одговор на Ковид-19

Иднината на Европската унија е во опасност ако нема заедничко финансиско решение за справување со последиците од борбата против коронавирусот. На ова денеска предупредија двајцата шпански високи претставници откако европските министри за финансии не успеаја да постигнат договор за издавање заеднички обврзници.

Портпаролот на Владата во Мадрид, Марија Хесус Монтеро, рече дека Европејците ќе започнат да ја губат довербата во ЕУ доколку не дејствува заедно во кризата што ја спореди со Втората светска војна.

– Ни треба помош од други земји, и затоа и првично беше формирана Европската заедница, во тоа време по физичка војна, сега се бориме против епидемија, рече таа во интервју за телевизијата Антена 3.

Министерот за земјоделство, Луис Планас, ја повтори оваа загриженост.

– Ова е главно прашање во врска со иднината на Европската унија, рече тој за „Суд радио“.

Сепак, двајцата исто така рекоа дека се оптимисти оти понатамошните преговори на крајот ќе дадат позитивни резултати, иако министрите за финансии на ЕУ ноќеска не успеаја да постигнат договор и ги прекинаа состаноците до утре. ј

Коронавирус