четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 56
home Вести

Шпанија ќе започне со програма за вакцинација против коронавирусот во јануари

Шпанија ќе започне со програма за вакцинација против коронавирусот во јануари

Шпанија ќе започне со сеопфатна програма за вакцинација против коронавирусот во јануари, најави денеска премиерот Педро Санчез.

Тој рече дека Шпанија и Германија се првите земји на Европската унија што подготвиле целосен план за вакцинација.

– Кампањата ќе започне во јануари и ќе има 13.000 точки за вакцинација, рече Санчез на прес-конференција по самитот на лидерите на Г-20.

Тој додаде дека Шпанија ќе ангажира повеќе здравствени работници за зајакнување на нејзиниот здравствен систем.

– Ни претстојат неколку тешки месеци, но планот е направен, рече Санцез.

Коронавирус