сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Шпанија јавува добри вести во борбата со корна вирусот

Шпанија јавува добри вести во борбата со корна вирусот

Пожарот полека го ставаме под контрола , вака шпанскиот премиер Санчес се обрати пред светот. Шпанија го достигна пикот на корона вирусот велат шпанските здравствени власти – над 150 000 луѓе се заразени, и останува на црната листа по бројот на починати во Европа.

Освен Шпанија и Италија, следно големо жариште на стариот континент по се изгледа е Велика Британија. Таму вчера дојде до нагло зголемување на бројот на починати. За само едно деноноќие , коронавирусот зеде  938 жртви , со што вкупната бројка достигна над седум илјади.  Мерките за да се остане дома во Велика Британија завршуваат в понеделник, но многу веројатно е дека владата ќе ги продолжи, а за колку долго, се уште не се знае.

Премиерот Џонсон и синоќа остана на интензивна нега, но ситуацијата му се подобрува, јавија од Даунинг стрит 10.

Германија, која беше прогласена за најдобра со справување на ширењето на заразата, пријави голем број на инфицирани и починати. Од утре воведуваат задолжителен карантин за оние кои ќе допатуват од странство.

Америка втор ден по ред јавува зголемен број на нови случаи. И втор ден по ред има 2000 починати, а од нив речиси половината се во епицентарот – Њујорк. Но, единствениот кој гледа светло на крајот од тунелот, е претседателот Трамп. Дека не е се така розово, јавија американските научници. Тие испратија писмо до Белата куќа во кое тврдат дека со доаѓањето на повисоки темпеартури нема да дојде и крајот на пандемијата.

Писмото следува, откако и кинеските власти преземаа нови мерки поради страв од нов бран на заразени.  Најголем број од заболените се странци, а кинеските власти се загрижени и за асимптоматските случаи. Сепак, докторите во Вухан смируваат дека нема простор за паника.

Бројот на заболени во светот надмина еденипол милиони луѓе. Мотото „остани дома“ колку и да дава резултати, се повеќе удри по економијата. Па така, европските земји размислуваат како да ги ублажат мерките против ширењето на пандемијата, но се уште не можат да се договорат за економскиот пакет.

Коронавирус