сабота, 28. март 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Шпанија ја надмина Кина во бројот на смртни случаи од Ковид-19

Шпанија ја надмина Кина во бројот на смртни случаи од Ковид-19

Шпанија ја надмина Кина во бројот на смртни случаи како резултат на пандемијата на Ковид-19 откако владата објави дека бројот на починати е 3.434.

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирало 738 нови смртни случаи од коронавирус.

Вкупниот број случаи на заболени во Шпанија се искачи на 47.610, од ​​39.673 претходниот ден.

Досега во Кина има 3.281 починат од коронавирус, според официјалната статистика. Земјата од која почна глобалната зараза успеа да ја запре епидемијата на Ковид-19 со строги карантински мерки.

Во меѓувреме, Шпанија не е единствената европска земја што ја надмина Кина во статистиката за смртните случаи. Бројот на починати од ковид-19 во Италија го надмина оној на Кина минатата недела. Досега во Италија има 6.820 пријавени смртни случаи.

Шпанија се бори да се справи со здравствената криза. Мадрид мораше да го пренамени огромното лизгалиште „Паласио де Хиело“ како објект за складирање на телата зашто градските мртовечници немаат капацитет да ги соберат и погребаат.