понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Шпанија ја ангажира војската за да ги собира починатите од КОВИД-19

Шпанија ја ангажира војската за да ги собира починатите од КОВИД-19

Шпанија ќе ја ангажира војската за превоз на починатите од КОВИД-19, изјави министерот за здравство, откако земјата го имаше најсмртоносниот ден од почетокот на кризата.

Шпанската војска ќе мора да се стави на располагање поради наглото зголемување на бројот на мртви и недостигот на слободни гробни места.

Во Шпанија вчера починаа 832 луѓе, најмногу во еден ден за време на пандемијата на коронавирусот, додека вкупната бројка порасна на 5.690 и повеќе има само во Италија.

„Војската ќе биде ангажирана додека е на сила вонредна состојба“, објавија властите.

Минатата недела, таа беше продолжена најмалку до 12 април.

Мадрид е најпогодената област во земјата и тука се забележани половина од смртните случаи. Како резултат на тоа, Мадрид неодамна го пренамени градското лизгалиште во привремена мртовечница.

Коронавирус