четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Шпанија го намалува ДДВ за заштитните маски за лице

Шпанија го намалува ДДВ за заштитните маски за лице

Шпанската Влада ќе ја намали стапката на данок на додадена вредност на маските од 21 на четири проценти за да обезбеди услови за намалување на нивната малопродажна цена во пандемијата на коронавирус, изјави денеска министерката за буџет Марија Хесус Монтеро.

Владата ја донесе одлуката откако синоќа доби зелено светло од Европската комисија, појасни министерката при дебатата во Парламентот за буџетот за следната година.

– Владата ќе се погрижи пониската стапка на ДДВ да биде преточена во пониска цена за потрошувачите, а не во поголема заработка за компаниите, нагласи таа.

Употребата на маски кои го покриваат носот и устата е задолжителна во повеќето шпански региони веќе неколку месеци. Инаку, Шпанија е на второ место меѓу западноевропските земји според вкупниот број на заразени со коронавирус. (МИА)

Коронавирус