четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Вести

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале скоро 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно.

Министерството за здравство соопшти дека досега од вирусот починале 26.834 лица, а не 28.752.

Ревизија на бројот на мртви се случи за време на верификација на собраните податоци, кога службените лица ги избришале смртните случаи што биле впишани двапати по грешка, како и смртните случаи во кои заразата не била утврдена со тестирање.

Официјалните бројки, сепак, не вклучуваат илјадници луѓе за кои се верува дека починале со симптомите на вирусот, особено во домовите за стари лица.

Министерството објави дека во претходните 24 часа починале 50 лица од коронавирус, што е најмал број на починати во еден ден од 16 март.

Регистрирани се 246 новозаразени лица, со што вкупниот број на потврдени случаи се искачи на 235.400.

Парламентарни избори 2020