понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 68
home Вести

Шпанија глобален лидер за донирање органи

Шпанија глобален лидер за донирање органи

Шпанија и понатаму е глобален лидер кога е во прашање донирањето органи и таа позиција ја задржува со години.

Според податоците на шпанското Министерство за здравство, бројот на донатори во 2017 година се зголемил за повеќе од осум отсто. Вкупниот број донирани органи бил 2.183, соопшти министерството.

Во Шпанија минатата година се пресадени рекордни 5.259 органи, најмногу бубрези и црн дроб.

Шпанија има 46,9 донатори на милион жители што е уште еден рекорд, и таа стапка расте од година во година.

Хрватска е на второ место зад Шпанија по број на донатори – во 2016 година имало 34,8 донатори на милион жители, но лани таа цифра е намалена на 32.

МИА

Коронавирус