среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 1
home Вести

Шпанците спасија нови 825 мигранти

Шпанците спасија нови 825 мигранти

Шпанската спасувачка служба соопшти дека за време на последните два дена спасила 825 луѓе и извлекле четири тела од Средоземното море.

Мигрантите со бродови се обиделе да ја поминат опасната медитерантска рута, а шпанската морнарица наведе дека презела мигранти од вкупно 69 бродови.

Европа се соочува со нов бран мигранти, а Шпанија се подготвува за доаѓање на уште 630 мигранти откако Италија и Малта одбија да го примат бродот за спасување „Аквариум“.

Тој и уште два италијански бродови со мигранти би требало утре да стигнат во Валенсија на истокот од Шпанија.

Според податоците на Обединетите Нации, од почетокот на 2018. година најмалку 792 мигранти го загубиле животот во обид да го поминат Средоземното море.

Коронавирус