петок, 29. јули 2022. Вести денес: 144
home Вести

Шолц: Македонија може да ѝ верува на Германија

Шолц: Македонија може да ѝ верува на Германија

Германија ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западен Балкан во нивните напори за влез во Европската унија (ЕУ), изјави во петокот германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Овие шест земји: Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово можат да ѝ веруваат на Германија – изјави Шолц пред новинарите во Брисел за време на вториот ден од Самитот на европските лидери.

Тој ја поздрави одлуката за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија, велејќи дека тоа е „голем чекор“.

За можноста Русија да ја прекине испораката на гас за Европа, Шолц повика на дискусија за, како што рече, „тешката ситуација“, наведувајќи дека посебно внимание мора да се посвети на заеднички одговор на економските предизвици со кои се соочува ЕУ.

– Мора да ја развиеме нашата инфраструктура за да можеме да увезуваме гас од други земји – додаде Шолц.

Коронавирус