петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Шокантно тврдење: Коронавирусот е измислен како биолошко оружје против Кина

Шокантно тврдење: Коронавирусот е измислен како биолошко оружје против Кина

Венецуелскиот претседател Никоас Мадуро верува дека коронавирусот е направен како биолошко оружје против Кина, соопшти денеска венецуелското Министерство за надворешни работи.

„Глобалната анализа покажува дека коорнавирусот може да биде сој, што е создаден за водење биолошка војна против Кина. Сето тоа покажува дека е крајно време тоа јавно да се соопшти, да се крене узбуна за да се спречи употребата на коорнавирусот против Кина и други земји, рече Мадуро, пренесен од руските медиуми.

Вирусот кон крајот на 2019 година се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони жители.

Според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 2.924 лица, а 85.200 се заразени ширум светот. (МИА)

Коронавирус