вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 50
home Вести

ШОКАНТНО: Експерт тврди дека од новиот коронавирус се заболени 25.000 луѓе

ШОКАНТНО: Експерт тврди дека од новиот коронавирус се заболени 25.000 луѓе

Висок функционер за јавно здравје во Хонг Конг денеска изјави дека реалниот број на заболени од новиот коронавирус веројатно е близу 25.000 – значително поголем од 2.744 случаи потврдени од кинеската Национална здравствена комисија.

Говорејќи на прес-конференција, Габриел Леунг – раководител на Медицинскиот факултет Ли Ка Шинг на Универзитетот во Хонг Конг, рече дека истражувањето на неговиот тим укажало дека најверојатно има околу 44.000 случаи во фаза на инкубација.

Вкупно 80 лица починаа, а 2.744 се потврдени дека се заразени низ цела Кина заклучно со денеска, што значи пораст на бројот на загинатите од 24 колку што беа вчера претпладне, соопшти Националната здравствена комисија.

Леунг, кој ја советува владата на Хонг Конг за подготвеност во реакција на болести, рече дека неговиот тим очекува „на секои шест дена двојно да се зголемува бројот на заразени, во отсуство на каква било интервенција во јавното здравство“.

Леунг процени дека кинескиот град Чонгкинг ќе се соочи со најголемата епидемија бидејќи градот со над 30 милиони е густо населен и тесно поврзан со Вухан, градот кој е центарот на болеста.

Хонг Конг потврди осум случаи на смртоносниот коронавирус за кои истражувачите веруваат дека потекнуваат од пазарот во Вухан.