сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 7
home Вести

Шокантни тврења за Титаник: Бродот не потонал откако удрил во леден брег, ова се случувало во последните 10 минути пред потонување

Шокантни тврења за Титаник: Бродот не потонал откако удрил во леден брег, ова се случувало во последните 10 минути пред потонување

Британскиот патнички брод Титаник потонал на 14 април 1912 година, за време на првото патување од Саутемпетон во Њујорк, САД.

На бродот имало околу 2200 луѓе, а ноќта кога удрил во ледена карпа загинале 1500 луѓе.Меѓутоа таа приказна не е реална, вели поранешен поморец кој има искуство во водите на северно атлантикот, каде што потона Титаник.

Капетанот Л.М  во 2002 година издаде и книга во која ги изложил своите три теории поради кои потонал Титаник.

„Уверен сум дека е невозможно бродот да удри во леден брег, Титаник е жртва на арктичкиот леден слој. Арктичкиот лед е повеќегодишен и многу тврд“ вели тој.

„Бројни бродови потонале на ист начин, пробивање на трупот, нема доказ дека Титаник удрил во леден брег“.

Капетанот ги опиша детално последните 10 минути пред потонување.

Колинс тврди дека она што го виделе и мислеле дека е магла се работело за појас мраз. Исто така и различни офицери пријавиле различни висини на ледениот брег. Капетанот Колинс вели дека оваа разлика покажува дека се работело за оптичка илузија.

Физиката исто така налага дека Титаник не удрил во леден брег.

Тој нагласил дека нешто познато како Бернулиев ефект значи дека тоа не  можно.

Според него ако бродот пловел 11 метри во секунда и удрил во леден брег  за кој се тврди дека бил со вечичина на хотел цела страна на бродот би била уништена и бродот би потонал за неколку секунди а не неколку часа како што се случило.