четврток, 24. јануари 2019. Вести денес: 65
home Вести

Шокантни информации: Пресврт во истрагата за убиството на тројцата руски новинари

Шокантни информации: Пресврт во истрагата за убиството на тројцата руски новинари

Истрагата покажа дека разбојници не ги убиле тројцата истражувачки новинари во Централноафриканската Република (ЦАР) пред половина година, туку биле жртви на добро планирана заседа, во која би можеле да бидат вмешани руските безбедносни служби.

Кирил Радченко, Александар Расторгујев и Орхан Џемал се жртви на план за ликвидација, во која се вмешани и високи полициски функционери.

Тие дошле во ЦАР кон средината на 2018 за да ги испитаат акртивностите на приватни руски воени компании во оваа африканска држава. Сакале  да дознаат дали компаниите се вмешани во експлоатација на природни ресурси во Африка. Но, набргу по пристигнувањето нивното возило било пресретнато на пуст пат и биле застрелани.

Службеното објаснување било дека се нашле во погрешно време на погрешно место. Но, доколку биле жртви на разбојници, би им недостигале вредни предмети, но тоа не се случило, известува CNN.

Исто така, сомнително е што возачот воопшто не бил ниту повреден, па се сомнева дека бил вклучен во организирањето на убиството.

Новинарите работеле на медиумска платформа „Центар за истражување“, финансирани од рускиот бизнисмен и критичар на Путин, Михаил Ходоровски.