сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Вести

Шокантен број на новозаболени во Бразил, еве каква е состојбата во другите земји

Шокантен број на новозаболени во Бразил, еве каква е состојбата во другите земји

Во Бразил во последните 24 часа забележани се нови 33.536 случаи на коронавирус, а починмаа уште 836 лица, соопшти Министерството за здравство.

Според Ројтерс, во Бразил се регистрирани над 4,59 милиони случаи на Ковид-19, додека бројот на смртни случаи е 138.108.

Бразил е на третото место во светот по бројот на заболени лица, по САД и Индија, а на второ место по бројот на смртни случаи. Црната листа ја предводат САД.

Мексико

Нови 4.683 случаи се потврдени во изминатото деноноќие во Мексико, а починати се 651 лице. Вкупниот број на заболени во оваа земја порасна на 705.263, а вкупниот број на починати е 74.348 лица.

Кина

Во Кина бројот на новозаразени од коронавирус е во благ раст. Нови 10 случаи се пријавени во последните 24 часа што во однос на претходниот ден кога имало 6 позитивни на вирусот е благ пораст.

Сите нови случаи, според информациите од Националната здравствена комисија се увезени. Бројот на асимптоматски случаи кои не влегуваат во официјалната статистика исто така порасна од 15 на 18 лица. Од почеток на пандемијата во Кина регистрирани се вкупно 85.307 позитивни случаи на коронавирус, а починаа 4.634 лица.

Јужна Кореја

Дневниот број на нови случаи со коронавирус во Јужна Кореја повторно надмина 100, откако три последователни дена бројот беше двоцифрен. Потврдени се нови 110 случаи на Ковид-19 од кои само еден е увезен. Од почеток на пандемијата во оваа држава се регистрирани вкупно 23.216 случаи на коронавирус, а починати се 388 лица

Коронавирус