недела, 9. мај 2021. Вести денес: 135
home Вести

ШОК: Тројца доктори го прогласија за мртов, а потоа се случи чудо

Дури три лекари го прегледале и утврдиле дека нема витални знаци па го пикнале во мртовечка вреќа.
ШОК: Тројца доктори го прогласија за мртов, а потоа се случи чудо

Затвореник (29) од Шпанија се разбудил момент пред да почнат да му прават обдукција, откако неколку часа пред тоа го прогласиле за мртов.

Гонзало Монтоја служел затворска казна во градот Астуријас на северот од Шпанија и наводно пронајден мртов во својата ќелија.

Дури три лекари го прегледале и утврдиле дека нема витални знаци па го пикнале во мртовечка вреќа.

Тој потоа е префрлен во медицинска установа, каде го ставиле на маса за обдукција, кога тој загрчел и така ги исплашил лекарите, кои тогаш сфатиле дека човекот всушност е жив.

Се верува дека тој всушност боледувал од каталепсија, ретка појава при која се губи свеста како и сите сетила, а телото може да биде неподвижно со часови.

Семејството на Монтоја нагласило дека тој и претходно имало епилепсија.

И натаму не е јасно како дури тројца лекари не успеале да препознаат дека Монтоја бил жив.

Коронавирус