среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 177
home Вести

Шкотската лидерка бара од Лондон нов референдум за независност

Шкотската лидерка бара од Лондон нов референдум за независност

Лидерката на Шкотската национална партија, Никола Старџен, порача дека владата на Велика Британија мора да и дозволи на Шкотска следната година да гласа за независност, затоа што Шкотска е соочена со излез од ЕУ против сопствена волја.

– Гласот за Шкотската национална партија е глас да се избегне Брегзит – истакна Старџен на почетокот од предизборната кампања.
Британскиот премиер Борис Џонсон, пак, вчера изјави дека нема шанси за референдум, затоа што на луѓето во 2014 година им било ветено дека станува збор за можност која се добива еднаш во животот.

Анкетите покажуваат дека поддршката за независност на Шкотска се зголемува, откако 55 отсто избирачи гласаа за нејзино останување во Обединетото Кралство на референдумот одржан пред пет години.