петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 61
home Вести

Шинзо Абе го посети регионот каде поради поплавите има 68 жртви

Шинзо Абе го посети регионот каде поради поплавите има 68 жртви

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска отпатува во југозападната префектура Кумамото, каде рекордните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, во кои досега загинаа 68 лица.

Абе им оддаде почит на 14 жртви во дом за стари лица во селото Кума, област која претрпе огромна штета од поплавите по поројниот дожд кој предизвика излевање на реката Кума на 4 јули.

Абе му вети на гувернерот на Кумамото Икуо Кабашима дека Владата ќе ги „вложи сите свои напори“ за рано обновување на државните патишта и реката Кума.

Бројот на загинати на островот Kyшу се искачи на 68, вклучително и 64 во Кумамото, додека трупите и работниците за итни случаи продолжија да бараат 12 други лица кои се сметаат за исчезнати.

Локалните жители и волонтерите минаа денови во чистење домови и канцеларии, иако повремените обилни дождови ја прекинуваа нивната работата. Во непогодата, поплавени се 14 илјади домаќинства, а метеоролозите предупредуваат дека сезонските дождови ќе предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето. (МИА)

Коронавирус