петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 73
home Вести

Шифрирани пораки доведоа до заплена на 28 тони кокаин во Белгија

Шифрирани пораки доведоа до заплена на 28 тони кокаин во Белгија

Белгиската царинска служба открила тони кокаин во вредност од речиси 1,4 милијарди долари во Антверпен, откако полицијата ги дешифрираше пораките испратени од криминални банди, соопштија властите.

Федералната полиција спроведе двегодишна истрага за организираниот криминал, во која беа вклучени 500 милиони пораки испратени на уредите Sky ECC, продадени од компанијата Sky Global со седиште во Канада, се наведува во соопштението од обвинителството во Антверпен.

Од 20 февруари, на пристаништето во Антверпен се запленети вкупно 27,64 тони кокаин, вклучително и 11 тони пронајдени во контејнер во петокот вечерта.

Кокаинот „може да биде директно поврзан со случајот Sky ECC“, соопштија обвинителите.

Извршниот директор и соработник на Sky Global беа обвинети во САД во март за наводно помагање и промовирање на шверц со дрога.

При истрагата се уапсени 48 лица во Белгија и пронајдено е оружје, полициски униформи и 1,2 милиони евра. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија