вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Шестнеделен нов карантин во Мелбурн

Шестнеделен нов карантин во Мелбурн

Нови карантин-мерки, што ќе траат шест недели, стапија на сила денеска во вториот по големина австралиски град Мелбурн.

Одлуката е донесена поради новиот пик на инфекции со коронавирусот. Австралиските држави ги заострија контролите на нивните внатрешни граници за да избегнат втор бран на епидемијата.

Мерките погодуваат околу пет милиони жители.

Неколку недели по постепеното отворање, жителите на тие области ќе можат да ги напуштат своите домови само од итни причини. Гости не смеат да се примаат во домови, а училиштата во погодените области нема да ги отворат своите врати уште една недела, како што е предвидено во училишниот календар.

Жителите на Мелбурн не смеат да го напуштат градот.

Коронавирус