четврток, 27. јануари 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Шестмина загинати во свлечиште во илегален рудник за злато

Шестмина загинати во свлечиште во илегален рудник за злато

Шест лица загинаа откако свлечиште со кал затрупа работници на место за илегален ископ на злато во провинцијата Централен Калимантан во Индонезија, изјави денеска претставник на локалните власти, пренесе ДПА.

Двајца други рудари ја преживеале несреќата, што се случила вчера, во областа Кутаварингин Тимур, соопшти Рихел Магат, шеф на локалната агенција за цивилна заштита.

-Се сомневаме дека водата што ја прскаат работниците што копаат во рудникот го предизвика колапс на вратилото, рече тој.

„Ова е случај предизвикан од лошата техника во рударството“, додаде Магат.

Ваквите несреќи со смртни последици се вообичаени во рудниците низ Индонезија, додава ДПА.

Коронавирус