понеделник, 25. март 2019. Вести денес: 62
home Вести

Шест годишно дете донело пиштол во градинка

Шест годишно дете донело пиштол во градинка

Полицијата од Охајо соопштила дека вчера во една градинка од шест годишно дете запленила пиштол.

Пиштолот бил откриен кај момчето, откако некој пријавил дека во пантолоните носи нешто што делува како тежок предмет.

Полицијата не открива дали пиштолот бил наполнет или не, но на фотографијата која била објавена се гледаат куршуми со пиштолот.

Освен тоа, полицијата соопштила дека момчето нема да биде обвинето бидејќи е премногу младо, а ќе се истражува од каде го набавил оружјето.