сабота, 15. август 2020. Вести денес: 56
home Вести

Шест цивили загинаа во експлозија на бомба во Авганистан

Шест цивили загинаа во експлозија на бомба во Авганистан

Најмалку шест цивили, вклучувајќи жени и деца, загинаа кога нивното возило наиде на бомба во источен Авганистан, соопшти денеска локален претставник.

Портпаролот на провинцијата Газни изјави дека во експлозијата се повредени осум лица.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но провинциската влада ги обвини Талибанците.

Талибанците минатата среда со бомба поставена на пат убија локален полициски командант и неговите двајца телохранители. (MИА)

Коронавирус