среда, 12. мај 2021. Вести денес: 7
home Вести

Шеснаесет земји со одлука за следење на корупцијата во Венецуела

Шеснаесет земји со одлука за следење на корупцијата во Венецуела

Министрите за финансии од неколку јужноамерикански држави, како и од Европа и САД се договорија да соработуваат заради откривање и конфискација на приходите од корупција на членови на владејачката елита во Венецуела, ссопштија двајца високорангирани функционери од американското Министерство за финансии.

Американските медиуми, повикувајќи се на двата извори кои побарале анонимност, наведуваат дека договорот бил постигнат на средба на маргините на пролетниот форум на ММФ во Вашингтон, на кој учествуваа американскиот министер за финансии Стивен Мнучин и претставници на Велика Британија, Германија, Франција, Јапонија и водечките латиноамерикански држави.

Тие, исто така, разговарале и за можностите за обезбедување итна хуманитарна и финансиска помош за Венецуела, вклучително значително отпишување на надворешниот долг во случај режимот на  претседателот Николас Мадуро да биде заменет од влада што земјите донатори ќе ја сметаат за легитимна и подготвена за економски реформи.

Претходно оваа недела, ММФ објави прогноза дека во 2018 година венецуелската економија ќе се намали за 15 отсто и ќе влезе во петта година на рецесија, која по обем, веќе ја надминува Големата депресија во САД од минатиот век. Инфлацијата во Венецуела се очекува да достигне речиси 14.000 отсто оваа година. (МИА)

Коронавирус