среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Шефот за безбедност во Епл обвинет дека со ајпади потмитувал полицајци

Шефот за безбедност во Епл обвинет дека со ајпади потмитувал полицајци

Глобалниот директор за безбедност на Епл, Томас Мојер, е обвинет дека нудел поткуп за неговите безбедносни тимови да добијат лиценци за носење оружје.

Обвинението вчера го поднесе големата порота во Калифорнија, а во него се наведува дека Мојер понудил мито вредно 70.000 долари во форма на Ајпади.

Би-Би-Си наведува дека Епл се уште нема дадено коментар за случајот.

Шерифот, Рик Сунг, и капетанот Џејмс Џенсон од округот Санта Клара се обвинети за барање мито за издавање дозволи за огнено оружје.

Според државните закони, носењето оружје без дозвола е кривично дело.

Округот Санта Клара соопшти дека Сунг го одложил издавањето дозволи за оружје на безбедносниот тим на Епл се додека Мојер не се согласи да донира производи во вредност од 70. 000 американски долари за канцеларијата на шерифот.

Коронавирус