петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 92
home Вести

Шефот на СЗО доби нов петгодишен мандат

Шефот на СЗО доби нов петгодишен мандат

Тедрос Аданом Гебрејесус е реизбран за шеф на Светската здравствена организација (СЗО) за нов петгодишен мандат, соопштено е во Женева.

Тедрос, првиот човек од Африка на чело на СЗО, немаше противници на годишното собрание на организацијата.

Честитки веднаш упати германскиот министер за здравство, кој на Твитер напиша дека Тедрос е избран со 155 гласови од вкупно 160.

-Спектакуларен резултат. Честитки, заслужено, напиша Карл Лаутербах на Твитер.  (МИА)

Коронавирус