понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 130
home Вести

Шеф на Стратешката команда на САД: Постои „вистинска можност“ за нуклеарна војна со Кина или Русија

Шеф на Стратешката команда на САД: Постои „вистинска можност“ за нуклеарна војна со Кина или Русија

Шефот на Стратешката команда на САД адмирал Чарлс Ричард соопшти дека е можна нуклеарна војна со Русија или Кина. Својата оценка тој ја изнесе во напис за февруарскиот број на официјалното издание на американскиот поморски институт.

Ричард забележува дека по распадот на Советскиот Сојуз, Пентагон не морал да ја разгледува можноста за директна воена конфронтација со нуклеарна држава, но сега ситуацијата е променета.

-Постои реална можност дека регионална криза со Русија или Кина може брзо да прерасне во конфликт со употреба на нуклеарно оружје, ако, според нив, постои закана за политичкиот систем или државата во случај на пораз при употреба на конвенционално оружје, напиша Ричард.

Според адмиралот, не треба да се исклучи можноста дека потенцијален противник може да го искористи својот нуклеарен арсенал.

Според Ричард, додека Министерството за одбрана на САД се фокусираше на борбата против тероризмот, Русија и Кина водат агресивна политика, оспорувајќи ги меѓународните норми на начини невидени уште од екот на Студената војна. Според мислењето на американскиот адмирал, ваквите постапки не треба да останат без одговор од Вашингтон.

ЕУРО 2020

Македонија