четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 28
home Вести

Шаманот од Капитол разочаран е од Трамп и подготвен да сведочи против него

Шаманот од Капитол разочаран е од Трамп и подготвен да сведочи против него
epaselect epa08923457 Supporters of US President Donald J. Trump stand by the door to the Senate chambers after they breached the US Capitol security in Washington, DC, USA, 06 January 2021. Protesters stormed the US Capitol where the Electoral College vote certification for President-elect Joe Biden took place. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Демонстрантот кој упадна во американскиот Капитол, познат како „шаманот од Кјуанон“, вели дека Доналд Трамп го „издал“ зошто не го помилувал и е подготвен следниот месец да сведочи против поранешниот претседател на судењето за отповикување, рече неговиот адвокат.

Џејкоб Ченсли од Аризона ( познат и под името Џејк Анџели) – кој учествувал во бунтот на 6. јануари, со лице премачкано со боја, гол до појас, со крзнена капа со рогови – бил „многу опседнат со Трамп“, рече неговиот адвокат Алберт Воткинс.

Меѓутоа, таа преданост завршила заедно со мандатот на Трамп кога поранешниот претседател ја напуштил Белата куќа без да одобри помилување за Кенсли и другите кои учестувале во нередите, пренесува Хина.

„Се чувствуваше како претседателот да го издал“, рече Воткинс.

Ченсли и уште најмалку четири лица кои се соочуваат со федерални обвиненија поради учество во немирите, сугерираа дека добиле наредби од Трамп.

Обвиненијата против Ченсли вклучуваат учество во граѓански немири, попречување на службените дејства, непримерно однесување и протести во зградата на Капитол, како и други точки од обвинението.

Кога демонстрантите упаднаа во Конгресот на САД на 6 јануари, додека пратениците ги потврдија гласовите во Изборниот колеџ со кои Бајден стана претседател, Ченсли седна на бирото на потпретседателот Мајк Пенс.

Властите соопштија дека Ченсли оставил порака: „Само прашање е на време, правдата доаѓа“.

Ченсли, која себеси се нарекува „шаман на Куанон“ и постојано присуствуваше на митинзите на Трамп, им рече на истражителите дека тој дошол во Капитол „на барање на претседателот, сите патриоти “да дојдат во Вашингтон на 6 јануари“, стои во судските записи.

Неколку моменти пред нападот врз зградата на Капитол, Трамп ги охрабри своите приврзаници да се борат, пренесува Хина.

Вториот судскиот процес за отповикување на Трамп, треба да започне на 8 февруари.

ЕУРО 2020

Македонија