четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Северна Кореја се закани со замрзнување на разговорите со Јужна Кореја

Северна Кореја се закани со замрзнување на разговорите со Јужна Кореја

Северна Кореја може да ги замрзне разговорите со Јужна Кореја, изјави претседателот на севернокорејскиот Одбор за мирна реунификација на државата Ри Сон-гвон.

Тој во интервју за севернокорејската новинска агенција КЦНА истакна дека е тешко да се седи лице в лице со претставниците на јужнокорејскиот режим „до решавањето на ситуацијата што доведе до прекин на преговорите меѓу двете Кореи на високо ниво“.

Ри Сон-гвон

Ри ја критикуваше и заедничката воена вежба на Јужна Кореја и САД, нагласувајќи дека Сеул го поддржува Вашингтон, кој и понатаму ја притиска Северна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

КЦНА во вторникот објави дека севернокорејските претставници ги откажаа преговорите со Сеул, што беа закажани на 16 мај, поради заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја.

Воената вежба беше оценета како „намерна провокација која е спротивна на позитивниот политички развој на Корејскиот Полуостров“.

МИА

Коронавирус