недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Вести

Северна Кореја се уште му верува на Трамп

Северна Кореја се уште му верува на Трамп

Северна Кореја се уште му верува на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти синоќа севернокорејското Министерство за надворешни работи.

– Се уште и даваме важност на довербата што ја имаме кон Трамп, се посочува во соопштението на МНР на Северна Кореја.

ТАСС јави дека наводно севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му напишал писмо на Трамп, кое му го дал на американскиот државен секретар Мајк Помпео, за време на неговата посета на Пјонгјанг.

Како што јави МИА, Помпео вчера ја заврши дводневната посета на Северна Кореја.

Северна Кореја е незадоволна со ставот на САД, изнесен за време на посетата на Попео, бидејќи Вашингтон еднострано инсистира на целосна денуклеаризација на земјата, напоменува ТАСС.

МИА