петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 71
home Вести

Северна Кореја развила сопствена опрема за спроведување ПЦР тестирања

Северна Кореја развила сопствена опрема за спроведување ПЦР тестирања

Северна Кореја разви своја опрема за полимеразна верижна реакција (ПЦР) за спроведување на тестирање на коронавирусот, додека земјата се обидува да го потисне појавувањето на нови повеќезаразни видови на вирусот, јавија денеска државните медиуми во оваа земја.

Изолираната земја досега нема потврдено ниту еден случај на Ковид-19, но ги затвори границите, го ограничи патувањето и воведе строги превентивни мерки, сметајќи дека пандемијата е прашање на национално преживување.

Во рамките на борбата против ширењето на вирусот, научниците и техничарите на Државната академија на науките развиле ПЦР систем што за првпат ги исполнува светските стандарди, објави весникот на владеачката Работничка партија „Родонг Синмун“.

Опремата е претставена како едно од неодамнешните достигнувања обезбедени преку напорите на лидерот Ким Јонг Ун да го локализира производството на машини, алатки и материјали со оглед на меѓународните санкции и затворањето на границите, што драстично ја намали трговијата.

Северна Кореја спроведе ПЦР-тестови како меѓународно признат стандарден дијагностички метод за Ковид-19, но во тоа имаше надворешна помош, вклучувајќи ја и онаа од Светската здравствена организација (СЗО).

Севернокорејската агенција КЦНА, исто така, денеска јави дека земјата ја засилува својата борба против вирусот за да го спречи ширењето на виско преносливите варијанти Делта и Ламбда низ целиот свет.

„Во тек се планови за нормализирање на дезинфекцијата и спречување на неорганизирано движење на луѓе и залихите во канцелариите и работните места, додека образованието и контролите се зајакнуваат за да се обезбеди дека сите луѓе ги следат правилата, вклучително и носење маски на јавни места“, соопшти КЦНА.

Локални избори 2021