вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Северна Кореја повторно истрелала неидентификувани проектили во морето

Северна Кореја повторно истрелала неидентификувани проектили во морето

Северна Кореја повторно двапати истрелала неидентификувани проектили во морето, соопшти јужнокорејската војска.

Јужнокорејската војска соопшти дека проектилите биле лансирани од северозападниот брег на Северна Кореја и дека го прелетале копното пред да слетаат во источните севернокорејски води, јавија американските медиуми.

Јужнокорејската војска, меѓутоа, не соопшти колку проектили биле истрелани, ниту го посочи типот на ракетите.

Американските медиуми јавуваат дека јужнокорејската војска оваа инфромација ја објавила само неколку минути пред портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи да го издаде соопштението во кое ги критикува Вашингтон и Сеул за заедничката воена вежба, што почна вчера.

Севернокорејското министерство соопшти дека Пјонгјанг останува посветен на дијалгот, но и дека може и да побара „нов пат“ доколку сојузниците Вашингтон и Сеул не ги променат своите ставови.

Коронавирус