недела, 1. октомври 2023. Вести денес: 71
home Вести

Северна Кореја извела тестирања на повеќецевни ракетни фрлачи

Северна Кореја извела тестирања на повеќецевни ракетни фрлачи

Северна Кореја извела уште една успешна проба со големи повеќецевни ракетни фрлачи, јави државната агенција КЦНА.

Лидерот Ким Џонг-ун „изразил задоволство“ и им честитал на научниците кои го развиле оружјето, наведе агенцијата.

Денешниот тест потврди дека огнената моќ на повеќецевните ралети фрлачи е во состојба „целосно да уништи групна непријателска цел“ со изненадувачки удар, додава КЦНА.