четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 21
home Вести

Северна Кореја денеска ја отвора „црвената линија“ со Јужна Кореја

Северна Кореја денеска ја отвора „црвената линија“ со Јужна Кореја

Северна Кореја денеска ќе ја обнови „жешката линија“ меѓу двете Кореи, но ја повика Јужна Кореја да преземе чекори за подобрување на односите, објави државната новинска агенција КЦНА.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун минатата недела изрази подготвеност за повторно активирање на телефонската линија меѓу двете земји, која беше прекината од Северна Кореја на почетокот на август во знак на протест против американските и јужнокорејските воени вежби, само неколку дена откако линијата за првпат беше воспоставена.

Новинската агенција го повика Сеул да ја исполни својата „задача“ и да ги обнови затегнатите прекугранични врски, без да наведе детали.

Ким ја повика Јужна Кореја да ги напушти своите „двојни стандарди“ и „заблудите“ за севернокорејските воени активности за самоодбрана, додека во исто време развива сопствено оружје.

Коронавирус