сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Северна и Јужна Кореја договорија дијалог за намалување на тензиите

Северна и Јужна Кореја договорија дијалог за намалување на тензиите

Претставници на Северна и Јужна Кореја денеска на средба во пограничното место Панмунџом постигнаа договор за отпочнување дијалог за намалување на тензиите меѓу Пјонгјанг и Сеул и за отворање на канцеларија за врски во севeрнокорејскиот град Каесонг, што се наоѓа близу границата меѓу двете земји.

Како што соопштија властите во Сеул, на разговорите било договорено и продолжување на процесот за спојување на семејствата раздвоени за време на Корејската војна од 1950 до 1953 година, а станало збор и за учество со заеднички тимови во некои спортови на Азиските игри во август годинава.

Во соопштението се посочува дека изградбата на доверба меѓу Јужна и Севрна Кореја има клучно значење, во услови кога САД преземаат дипломатски напори за да го убедат Пјонгјанг да се откаже од развој на нуклеарно оружје.

Денешните меѓукорејски разговори во Пунмунџом следуваат поп вчерашната средба на американскиот државен секретар Мајк Помпео со високиот севернокорејски пратеник Ким Јонг-чол, на која се разговараоло за можноста за одржување на планираната средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.

МИА

Коронавирус