понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Северна и Јужна Кореја деминираат дел од границата

Северна и Јужна Кореја деминираат дел од границата
epa06703546 South Korean soldiers take down a propaganda loudspeaker on the border with North Korea in Paju, South Korea, 01 May 2018. South Korea's military pulled back all high-decibel loudspeakers installed along the border with North Korea in its first step to implement the bilateral summit agreement reached last week. EPA-EFE/CHUNG SUNG-JUN / POOL

Северна и Јужна Кореја почнаа да ги отстрануваат минските полиња на нивната силно утврдена меѓусебна граница, што е дел од процесот за намалување на тензиите меѓу двете земји.

Чистењето на мините се врши во областа Гангвон, каде е предвидено и откопување на телата на војници убиени во Корејската војна (1950 – 1953), со цел да се овозможи нивна идентификација и достојно погребување. Се очекува деминирањето во оваа зона да трае најмалку 20 дена.

Северна и Јужна Кореја ги концентрираат своите воени сили на границата и во минатите децении постојано разменуваа закани со војна. Но, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот водач Ким Џонг – ун и средбите меѓу Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае – ин, во тек е процес на затоплување на односите.

Коронавирус