вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 172
home Вести

Сериски убиец избега од затвор: Дрогирал и убивал момчиња, а понекогаш ја пиел нивната крв

Сериски убиец избега од затвор: Дрогирал и убивал момчиња, а понекогаш ја пиел нивната крв

Човек кој призна дека убил најмалку 14 момчиња во Кенија, избега од својата ќелија во Најроби. Властите сега почнаа потрага по серискиот убиец, опишувајќи го како исклучително опасен.

Мастен Вањала вчера требало да се појави на суд под обвинение за убиствата, но за време на прозивката полицијата забележала дека тој веќе не е во ќелијата.

Вработените во затворот кои биле на должност во време на неговото бегство, се уапсени.

Вањала е приведен за време на полициската истрага за низа убиства на деца. Вањала беше уапсен во јули и призна дека дрогирал и убивал момчиња, а во некои случаи ја пиел нивната крв.

Локални избори 2021