петок, 14. мај 2021. Вести денес: 151
home Вести

Сенатот ја потврди номинацијата на Шермен за заменик државен секретар на САД

Сенатот ја потврди номинацијата на Шермен за заменик државен секретар на САД

Американскиот сенат ја потврди номинацијата на американскиот претседател Џо Бајден за Венди Рут Шермен да ја преземе функцијата заменик државен секретар на САД.

Со гласовите на неколку републикански сенатори, номинацијата на Шермен (71) беше потврдена со 56 гласа „за“ и 42 „против“.

Венди Шермен е ветеран во надворешната политика на САД, позната по својот придонес за време на администрацијата на претседателот Барак Обама за време на преговорите за иранскиот нуклеарен договор во 2015 година, на кој остро се спротивставија републиканците и некои демократи.

Говорејќи како номинирана за нова позиција во Стејт департментот пред сенатскиот комитет во март, таа вети дека ќе се заложи за нов пристап кон Иран, бидејќи, како што предложи, „политиката кон Иран мора да биде втемелена во сегашноста, а не во носталгијата за минатото”.

Таа ја почна својата дипломатска кариера во 1993 година под претседателство на Бил Клинтон и оттогаш извршуваше важни владини функции во Стејт департментот во сите администрации на Демократската партија.

Коронавирус