петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Сенатор од САД во карантин поради коронавирусот

Сенатор од САД во карантин поради коронавирусот

Републиканскиот сенатор Тед Круз ќе остане во карантин во Тексас, откако дозна дека се ракувал и кратко разговарал со човек од Мериленд, кој е позитивен на коронавирус.

Во меѓувреме, во Мериленд се пријавени уште два случаи на коронавирус, што е вкупно пет заразени лица во таа држава во САД.

Круз рече дека на конференцијата за конзервативци во Мериленд пред десетина дена се сретнал со човек кој бил заразен со коронавирус. Сенаторот рече дека нема симптоми, дека се чувствува добро и дека лекарите му рекле дека шансите за добивање на вирусот се многу мали.

Круз, сепак, наведе дека поради претпазливост ќе остане дома во Тексас уште неколку дена, сè додека не поминат две недели од моментот кога имал контакт со заразеното лице.

Коронавирус