вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 26
home Вести

Семејство од пеколот: Тепало и давело патници на крузер, едвај ги исфрлиле од бродот (ВИДЕО)

Семејство од пеколот: Тепало и давело патници на крузер, едвај ги исфрлиле од бродот (ВИДЕО)

Патниците на крстарењето во Јужен Пацифик, рекле дека 10-дневното патување им се претворило во жив пекол поради повеќедневната расправија и тепачка која ја предизвикало проширеното 23-члено семејство, а некои гости дури и морале да ги заклучат кабините за да го избегнат насилството.

Бродот “Carnival Legend” пристигнал вчера во своето матично пристаниште во Мелбурн, но претходно морал вонредно да застане во Нов Јужен Велс, за агресивното семејство да се истовари.

Полицијата соопштила дека го истражува инцидентот, а операторот на патувањето се извинил поради однесувањето на семејната група, која била исфрлена од крузерот.

-Преплашени сме од трауматичните настани кои ги приредуваа едни исти насилници. Имаше и крв. Нема да излегуваме од кабината, навистина се плашиме за нашата безбедност, изјавил еден неименуван патник за австралискиот канал “9 News” додека уште траело крстарењето.

Патничката Лиса Болито им раскажала на новинарите дека „големо италијанско семејство“ со денови ги напаѓало Австралијците на бродот. Без никаква причина ги напаѓале другите патници, ги удирале, некои дури и ги давеле. Менаџментот на бродот сето тоа го гледал со рацете во џеб.

Низата тепачки го претвориле бродот во боречки клуб. Насилството било снимено и на видео-снимките. На една се гледа и како гостите се тепаат покрај базенот и во ноќниот клуб на бродот.

Коронавирус