вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 27
home Вести

„Селфито“ можеше да ја чини живот: Жена висела низ прозорец да се слика, па падна

„Селфито“ можеше да ја чини живот: Жена висела низ прозорец да се слика, па падна

Жена паднала од автомобилот на автопат во Лондон додека висела низ прозорецот на совозачот снимајќи Снапчет видео, соопштила локалната полиција, пренесува CNN.

Медицинска помош на жената и е укажана на самото место каде паднала и нема тешки последици.

-За цела среќа не е тешко повредена – напишал полицијата на Твитер и објавила фотографија од отворениот прозорец на автомобилот од кој жената паднала.

Како што пренесува CNN, според истражувањата објавени во списанието Journal of Family Medicine and Primary Care, околу 259 луѓе во светот починале додека се обидувале да направат селфи во периодот од 2011 до 2017 година.

Најмногу такви смртни случаи се случиле во Индија, потоа во Русија, САД и во Пакистан. Повеќето од жртвите биле мажи, околу 72 отсто, помлади од 30 години.

Коронавирус