Поради фотографирање на разни места односно таканаречени селфи фотографии во светот во првите седум месеци од годината се регистрирани 31 смртен случај. Ова значи дека едно лице неделно го губи животот, се наведува во студијата на Фондацијата иО која е специјализирана за тропска и патничка медицина.
Поради истата причина во период од јануари 2008 година до јули 2020 година, најмалку 379 лица загинале во светот, во просек по едно на секои 13 дена, стои во студијата.
Како што се оценува, трендот по пандемијата и карантините, повторно силно се појавил во првите седум месеци од оваа година.
Од починатите, 141 биле туристи и 238 локално население.
На листата се повеќе од 50 држави, а најмногу починати се регистрирани во Индија (100), САД (39) и Русија (33). Шпанија и Австралија бекежат по 15 починати.
Авторите на студијата идентификувале десет места во светот каде има најмногу починати поради селфи.
Тоа се водопадите Нијагара, Големиот Кањон, плажата Пења, водопадот Мланго, Уралските планини, Таџ Махал….