петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 192
home Вести

Секунди го делеле од страшна смрт: Мотоциклист сакал да претекнува, а возачот на камион не го забележал (ВИДЕО)

Секунди го делеле од страшна смрт: Мотоциклист сакал да претекнува, а возачот на камион не го забележал (ВИДЕО)

Еден тајландски мотоциклист за влакно ја избегнал смртта во градот Нонтабури.

Моментот бил снимен од возилата зад него, а се се случило на 21-ви март. На снимката се гледа како мотоциклист заобиколува камион со голема приколка, но на време забележал дека возачот на камионот ја губи контролата над возилото и дека приколката почнува полека да се навалува.

Мотоциклистот закочил, а во лентата пред него се превртел камионот. Возачот на камионот возел пребрзо во кривина, па поради тоа дошло до превртување, а вистинска среќа е што никој не настрадал.

Дали е повреден возачот на камионот проверил возачот кој ја снимил несреќата, па случајот го пријавил во полиција.

Вели дека тргнал по мотоциклистот да го претекнува камионот.

“Возачите на камиони мора да имаат искуство и да бидат многу внимателни бидејќи ваквите несреќи може да убијат невини луѓе. Мотоциклистот и јас едноставно имавме многу среќа”, рекол тој.

Коронавирус