понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Секунди ги делеа од смрт: Во последен момент излегле од возилото смачкано од камион (ВИДЕО)

Секунди ги делеа од смрт: Во последен момент излегле од возилото смачкано од камион (ВИДЕО)

Двајца Полјаци имале многу среќа кога на нивното возило, на автопат налетал камион во полна брзина.

Тие запреле во третата лента, ги вклучиле сите четири трепкачи бидејќи, најверојатно, им се расипало возилото.

Меѓутоа, кога виделе дека камионот зад нив воопшто не ја намалува брзината, балгодарение на брзите рефлекси излетале од возилото неколку секунди пред камионот да удри во нив.
Секунди ги делеле од сигурна смрт. Камионот го „прегазил“ нивниот автомобил – без кочење.

Како што рекол еден од сведоците, неверојатно е како мажите успеале да се спасат и останат неповредени.

-За жал, другите возачи воопшто не се обѕираа на оваа несреќа и само продолжија да возат помеѓу деловите од автомобилот, рекол тој.