вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 45
home Вести

СЕКС СКАНДАЛИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ: 63% од пратеничките во Австралија биле сексуално вознемирувани од машките политичари

СЕКС СКАНДАЛИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ: 63% од пратеничките во Австралија биле сексуално вознемирувани од машките политичари

Секој трет вработен во австралискиот Парламент доживеал некаква форма на сексуално вознемирување на своето работно место, се вели во извештајот финансиран од Владата, објавен денеска.

По седуммесечна истрага за сексистичката култура во австралискиот Парламент, беше откриено дека сексуалното вознемирување и насилничкото однесување во Парламентот е широко распространето и се однесува и на законодавците и на другите вработени.

Вакво однесување доживеале 63 отсто од пратеничките.

„Машките политичари сметаа дека е нормално да те бакнуваат во уста, да те допираат, да те тапкаат по задникот, да коментираат за изгледот, знаеш, вообичаените работи и културата го дозволи тоа“, вели една од 1.700-те кои биле интервјуирани.

Извештајот подготви 28 предлози, вклучително и официјална изјава со која се потврдува проблемот и проактивен фокус на безбедноста и благосостојбата.

Извештајот беше објавен поради гневни реакции за пријавеното силување на парламентарката Британи Хигинс во кабинетот на министерот, по со колегите од Либералната партија.

Коронавирус