четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Вести

Сега конечно е ослободен и ја изнесе шокантната вистина: Невин помина на робија 18 години за силување и убиство на тинејџерка (ВИДЕО)

Сега конечно е ослободен и ја изнесе шокантната вистина: Невин помина на робија 18 години за силување и убиство на тинејџерка (ВИДЕО)

Томаш Коменда, погрешно осуден поради силување и убиство на 15-годишно девојче на југозападнот на Полска во 1997 година, ослободен е по 18 години затвор, како резултат на кампањата кои родителите на убиената тинејџерка ја покренаа за негово ослободување. Полскиот суд заклучи дека Коменда не можел да биде одгороврен за тоа злосторство, кое ја шокираше јавноста на земјата.

-Последните 18 години се прашувам што погрешно сум направил животот да ми се претвори во пекол, наведе Коменда, додавајќи дека го третирале како „ѓубре“.

Коменда истакна дека сега оди на психолошки терапии. Родителите на убиеното девојче изјавија дека се посомневале во вината на Коменда и побарале од властите да ја преиспитаат осудата. Ослободителната одлука на судот се засновале на ДНК доказ претставен во текот на оригиналното судење во 2004 година, за кој подоцна се покажа дека не е веродостоен. Коменда е ослободен благодарени на новите, напредни форензички техники.

Претресот на случајот исто така откри грешки во собирањето докази, но и сведочење на Коменда. Тој рече дека го тепале во текот на испитувањето и тоа многу што би признал и дека „го убил папата“ да му го побарале тоа. Неговиот адвокат изјави дека Коменда ќе бара оштета од 2 милиони фунти за пресудата и за годините поминати во затвор.

Министерот за правда Збигњев Зиобро, кој лично наредил повторно разгледување на случакот, рекол дека ослободувањето на Коменда покажува дека грешките на правосудниот систем може да исправат.

-Никој не може на Томаш Коменда да му ги врати изгубените годни, но ослободувањето сепак го враќа чувството на достоинство на невин човек кој е погрешно осуден, рече Зиобро.